ФОТО: Селфи фотографијата и го спасила животот!


Џеки Николас (35) од Англија решила да направи селфи без шминка, не помислувајќи дека токму таа фотографија ќе и го спаси животот.

Имено, Џеки минатата година, откако на интернет започна „трендот“ со селфи без шминка, направила една таква фотографија.selfispasa_670x0

Откако ја поставила фотографијата на Фесјбук кликнала на линкот кој се појавил на нејзиниот профил на социјалната мрежа. Станувало збор за видео клип кој зборува за превентивен преглед на дојка. Откако го погледнала овој видео клип, решила да се самопрегледа. Следувал шок. Девојката напипала јазол со големината на грашок, и истата недела отишла кај лекарот. По неколку прегледи било потврдено дека има рак на дојка.

Џеки започнала со лекувањето. Била подложена на мастектомија, и биле отстранети лимфните јазли и имала неколку циклуси на хемотерапија.selfispasa2

Сепак, една година подоцна лекарите велат дека Џеки има 80 отсто шанси во наредните пет години сосема да се излекува.

– Поинаку изгледам и животот ми е поинаков. Се трудам да уживам во секој момент и да не се грижам многу за проблемите – рекла Џеки.

Таа е една од девојките кои имале среќа навреме да ги откријат промените на своето тело, а се благодарејќи на едно селфи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1