ФОТО: Североисточна Бугарија парализирана, затворени двата главни автопати, стотици населени места без струја


Североисточна Бугарија е парализирана од големи снежни наноси. Затворени се двата главни автопати, скоро сите патишта во тој дел на Бугарија се блокирани, а стотици места се без струја поради снежната бура.sneg-bg-3-640x426

Целосно затворени за движење се патиштата во областите Силистра, Русе, Добрич, Разград и Шумен. Без струја останаа сите населени места во општината Девнa. Во североисточна Бугарија, видливоста на патиштата е само 10 метри. Од наделжната агенција “Патна инфраструктура” проценија дека најбезбедно ќе биде запирање на движењето за сите возила, објави регионалниот министер Лилјана Павлова за бугарските медиуми.

Бугарските власти одлучија да ги затворат превентивно и автопатите “Тракија” и “Хемус”. Делницата на автопатот “Тракија” од Карнобат до Бургас е забранета за движење на сите видови возила. Автопатот “Хемус” е затворен во цела Варненска област. Пристаништето во Варна е затворено за сите бродови, како и локалниот аеродром. Во целата земја е прогласена забрана за движење на камиони.

Стотици населени места се без струја

Обилните врнежи и снежната бура предизвикаа сериозни проблеми со електричната енергија во голем број населени места во Бугарија. Стотици населени места се без струја.sneg-bg-1

На територијата на “ЧЕЗ електродистрибуција” без напојување се 294 корисници во 26 населени места. На територијата на “EVN електродистрибуција” напојување немаат 125 корисници во област Сливен. За “Енерго-Про – електродистрибуција” ситуацијата е комплицирана – вкупно 658 населени места се без електрична енергија на територијата на општините Варна, Трговиште, Шумен, Разград, Русе, Велико Трново, Габрово, Добрич, Силистра. Тимови на трите електродистрибуција компании и на ЕСО работат за отстранување на дефектите во најкраток можен рок.

Снежната покривка околу 20 сантиметри

Бугарија, исто како и останатите балкански земји утрово осамна затрупана од снег. Најголема е снежната покривка во Враца – 33 сантиметри, пренесуваат бугарските медиуми.

Во Монтана снежната покривка достигнува 29 сантиметрим, во Ќустендил е 28 см, во Софија и Велико Трново – 25 см. Во Благоевград и Ловеч има 21 сантиметар. Речиси 500 населени места се без струја во централна и североисточна Бугарија, а врнежите продолжуваат.

Обилни снежни врнежи има насекаде во регионот, а видливоста е намалена до неколку метри.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1