ФОТО: Скопјанец се бори за живот по судир со полициско возило


Вчера во 18.24 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „шкода јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје.policija motor sudar

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат и се наоѓа во критична состојба.

Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и истиот бил задржан во Ургентниот центар.

По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1