Фото: Стравична несреќа во Кисела Вода – Камион се истумба, носеше се пред себе – 2 повредени


Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопската населба Кисела Вода. Камион кој возел на улицата Сава Ковачевиќ во близина на фабриката ,,здравје Радово,, поранешната фабрика на Ино Спектар изгубил контрола и се истумбал.

 

Возачот се обидел да воспостави контрола над камионот и да не предизвика поголема штета, но не успеал. Камионот носел се пред себе. Однел 2 огради, откорнал дрва и комплетно оштетил два автомобила кој му се нашле на патот, на крајот се превртел.

Повредени се две лица. Според неофицијалните информации возачот на камионот се здобил со тешки повреди, а повредено било уште едно лице, случаен минувач – кој за среќа има полесни повреди. Веднаш на местото пристигна и екипа на брзата помош, јавува нашиот соработник. Двајцата повредени се веднаш пренесени во Градската болница.

Според неофицијалните информации причина за несреќата била што на камионот му откажале сопирачките.

Фото – Mknews.MK – Борислав Стоилковиќ

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Фото: Стравична несреќа во Кисела Вода – Камион се истумба, носеше се пред себе – 2 повредени”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.