ФОТО: Строга и дискретна, секогаш на 2 метра од премиерката- таа ја чува Ана Брнабиќ


За безбедноста на претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ се грижи Безбедносно информативната агенција (БИА) и тоа во многу необичен состав.

Откакао е избрана за премиерка, на јавните настани Ана Бранбиќ почна да се појавува со нешто поинакво обезедување. Имено покрај Ана постојано е една жена.

На приемот во американската амбасада прв пат се појави новата телохранителка. На два метри од премиерката, дискретно, да не пречи во разговорите кои Брнабиќ ги водела со другите гости. И покрај тоа не помина незабележано убавото и строго лице кое го следело секој чекор на премиерката.

Иако до информација за безбедносните служби по правило тешко се доаѓа, во јавноста испливаа некои детали.

-Не постои никаков посебен проблем зошто со премиерката е жена. Да речеме дека во прашање е родовата рамноправност и дека се води сметка за застапеноста на обата пола кога во прашање е обезбедувањето на највисоките лица во прашање-наведува изворот кој е добро запознаен со процедурата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1