Фото: Убиство во центарот на Белград- Бугарка изрешетана во џип, а убиецот потоа си пукал во глава


Експицитни фотографии од местото на убиството !!!!

Четириесет годишниот Рако Лазаревиќ испукал два куршума во главата на Албена Димитрова која се наоѓала зад воланот во возилото, а потоа самиот си пукал во главата.

Во моментот тој се наоѓа на оделот за реанимација во Ургентниот центар.

Како што информира телеграф Димитрова го чекала Лазаревиќ во едно кафуле, но локалот го напуштила бидејќи тој не се појавил. Но тој пак ја чекал неколку метри подолу, влегол во автомобилот кој го возела Димитрова и почнал да пука во нејзе.

Тој во главата на Димитрова испукал два куршума, а потоа си пукал и во вилицата. Оружјето со кое било пукано е пронајдено под совозачкото седиште.

Лекарите ја констатирале смрта кај Димитрова,а Лазаревиќ го пренеле во Ургентниот центар. Во моментов се наоѓа на одделот за реанимација.

Лекарите соопштиле дека Лазаревиќ кога бил пронајден бил свесен со влезна рана од огнено оружје на левата , а излезна на денста страна на слепоочницата.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1