ФОТО+ВИДЕО: Голем пожар беснее во Јапонија, зафатени 140 згради


Голем пожар избувна во северозападниот јапонски град Итоигава. Огнот зафатил над 140 куќи и други објекти, јави ТАСС.

Локалната полиција извести дека од реонот се евакуирани околу 600 лица од 270 живеалишта.pozar-japonija-640x414

Засега нема податоци за жртви, а две лица се во болница поради чадот предизвикан од пожарот.

Огнот избувнал во 10.30 часот по локално време од кинески ресторан и набрзина ги зафатил околните згради.

Причината за пожарот се уште е непозната.

На местото се испратени 17 пожарникарски возила, но работата на пожарникарите се отежнува поради силниот ветер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1