Фотографии од кои ќе се наежите и нема да заспиете!


Оваа колекција на слики ќе го доведе во прашање се она што сте мислеле дека го знаете за спиритуалниот свет…И колку е можеби лесно да се премине од него.

Стручњаците кои ги истражуваат паранормалните појави поминале децении обидувајќи се да ја испитаат секоја фотографија разоткривајќи некои и неуспевајќи да оспорат други.

Првата фотографија е сликана во Австралија во 1959 година и на неа се гледа жена во бело која ги принела рацете кон лицето и гледа во далечина.

Следната слика е направена за време на граѓанската војна во Америка. Духот за кој се верува дека припаѓа на загинат војник е фатен на сликата додека се качувал по скалите.

На следната слика жената од десната страна го посетила центарот за вооружување на воздушната флота во Англија во 1987 година. Додека се сликала жената изјавила дека осетила чуден студ иако бил доста топол ден. Таа тврди дека била сама во авионот додека се сликала.

Дајан и Питер Бертлот при посета на црква во Англија во 1975 година, Питер ја сликал својата жена додека се молела. Дури подоцна сватиле дека не била сама.

Австралијанката госпоѓа Ендрјус го посетила гробот на својата ќерка на гробиштата во Квинсленд во 1940 година кога и ја направила оваа фотографија. Нејзината ќерка Џојс умрела една година пред тоа на нејзина 17 годишна возраст. Госпоѓата Ендрјус се шокирала кога го видела детето кое не го познавала како седи на гробот на сликата. Австралискиот истражувач на паранормалното Тони Хил го посетил гробот во доцните 1990ти за да открие што всушност се случило. Тој открил дека во близина на гробот на Џојс биле погребани две мали девојчиња.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1