ФРАНЦИЈА: Убиени браќата Куаши, ликвидиран и терористот-грабнувач (ВИДЕО)


Според снимките што доаѓаат од зоната во местото Дамартан-ан-Гуел, каде од изутринава беа забаракадирани браќата Шериф и Саид Куаши, одговорни за нападот врз весникот „Шарли Ебдо“, полицијата ја заврши акцијата против двајцата терористи.

Акцијата во Дамартан-ан-Гуел почна нешто пред 17 часот, траеше кусо со интензивни истрели и ексползии. Хеликоптер на цивилната заштита се спушти на местото, наверојатно за да им помогне на евентуалните ранети.B663dX4CYAALkWq.jpg-large-685x320

Специјални сили на полицијата ги ликвидираа денеска осомничените браќа Куаши – Шериф и Саид, во селото Дамартан-ан-Гуел, јавија западни медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Пред завршната акција, се слушнаа силни експлозии од магацинот каде што се криеа браќата Куаши, но се забележаа и голем број специјалци кои се движат натаму. Браќата имаа еден заложник, кој најверојатно е ослободен претходно. Од таму долга колона возила на брза помош се упати кон Париз, каде истовремено отпочна акција за спасување на заложниците во бакалницата во источниот дел на градот.TERORISTI44

Во исто време, полицијата започна и акција во источниот дел на Париз, во квартоп Порт де Вансен, каде нивни соучесник и познаник во супермаркетот „Хипер Кошер“, држи шестмина заложници, меѓу кои има и жени и деца.

Во реонот се слушнале четири детонации и педестина рафални истрели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1