Французите се тепаат за „Нутела“ на попуст ВИДЕО


Попуст на „Нутела“ доведе до насилни сцени во ланец супермаркети во Франција, додека купувачите се обидувале да зграбат од познатиот крем од лешници.

Супермаркетите „Интермарш“ понудиле 70 отсто попуст на „Нутела“, со што цената била смалена од 4.50 евра на 1.40 евра. Но, вработените во францускиот супермаркет побарале помош од полицијата кога луѓето почнале да се тепаат и да се туркаат еден со друг.

На една жена и ја кубеле косата, постара дама ја удриле со кутија по главата, друг имал крвава рака, а еден муштерија завршил со модрица на окото.

Целата количина на „Нутела“, која била на акција, е распродадена за 15 минути.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1