Фудбалерот кој го преживеа падот на авионот се обрати пред светот!


Преживеаниот фудбалер на Чапокоензе, кој беше на позајмица од Интернасионал, Ален Рушел, успешно закрепнува од последиците од повредите здобиени за време на авионската трагедија во Колумбија, во која на 29 ноември настрада скоро целиот тим на бразилскиот клуб.fudbaler-1-640x320-92258
Тој е еден од шестмината преживеани и имал неверојатна среќа.

Неколку дена по несреќата веќе е на нозе, а испрати и видео порака од болницата.

-Здраво на сите во Бразил и целиот свет. Го следевте моето закрепнување. Јас сум Алан Рушел. Сакам да ви кажам дека моето закрепнување тече добро и наскоро ќе се вратам во Бразил каде ќе продолжам со терапиите. Ви благодарам на сите за силата која ми ја давате низ молитивите, за топлината и добрина која ја почувствував. На сите од срце ви благодарам- рекол Рушел.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1