Гаисер: По Балканот цел на Сорос ќе биде Европа


Оној што сака да ја дестабилизира Македонја и балканскиот регион сака да ја дестабилизира цела Европа, смета словенечкиот геополитички аналитичар Ларис Гаисер.

Во изјава за Сител тој вели обидот за дестабилизација на земјава во изминатите две години е резултат на неуспехот на меѓународната заедница, но и дејствувањето на лоби групите предводени од фондацијата Сорос кои претежно имаат црни сценарија.55597_soros_f

Доколку ваквите лоби групи успеваат во своите намери на Балканот, понатаму истото ќе го направат и на европска почва, посочува Гаисер.

Според Гаисер неолибералните лоби групи како Сорос, најчесто се противници на конзервативните партии и токму затоа тие соработуваат и ги спонзорираат левичарските партии.

Анализирајќи ја политичката состојба во Македонија, тој вели дека оваа фондација на многу сличен начин делува и во Словенија и Србија.

Исклучок не е ниту Америка, каде Гаисер очекува новоизбраниот претседател Трамп да го промени начинот на кој функционираат лоби групите на фондацијата на Сорос.

Гаисер го посочува Барак Обама како најлошиот претседател во историјата на Америка, кој со своите политики ја поттикна дестабилизацијата на средоземјето и на целиот Балкан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1