Гаревски: Ако е ова главниот удар, можеби ќе има афтершокови


Не можеме да знаеме каков би бил следниот удар. Повеќе од сигурно е дека ќе има афтершокови. Да се надеваме дека ова беше главниот удар, вели Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.razgovor-garevski

Гаревски вели дека е необично што има голема разлика во магнитудата меѓу утринскиот земјотрес кој го погоди Скопје, и тој што се случи попладнево. Утринскиот, кој беше пред седум часот утринава беше со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а попладневниот, кој се случи во 15 часот и десет минути беше со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала.

– Ако е ова главниот удар, можеби ќе има афтершокови. После магнитуда од 5,3 степени може да дојде до уште некои тресења. Од магнитуда 5,3 до 3,9 има огромна разлика, скалата не е линеарна – рече Гаревски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1