Газда на туристичка агенција крадел од кредитни картички и ,,киднал,, во странство


43 годишниот  Б.С. од Куманово во март и април минатата година употребил лажни платежни картички на кои вметнал нелегално пријавени банкарски податоци од вистински платежни картички на странски државјани.

credit-cardsТој  е во бегство во странство и по него е распишана потерница.
Според полицијата, тој преку банкомат на домашна банка инсталиран на продажно место во својата туристичката агенција „Талија Травел Трејд ДООЕЛ“ во Куманово, извршил 10 успешни нелегални трансакции со шест различни картички и нелегално се стекнал со парични средства во вкупен износ од 11.000 евра.

Во акцијата на МВР наречена „Русо“ при претрес во домот на М.Н. од Скопје организатор на криминална група биле пронајдени три ПОС терминали сопственост на три различни домашни банки за кои по извршените проверки е утврдено дека биле инсталирани токму во ТА “Талија Травел Трејд ДООЕЛ“. Пријавениот С.Б. е во бегство во странство и по него е распишана потерница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1