Газда претепан зошто на вработена ѝ ја намалил платата


Вчера околу 12.00 часот во маркет на ул. „Методија Митевски“ во Топанско Поле, сопственост на И.Ј. (45) од Скопје, дошла вработената Е.С. со непознато машко лице.tepacka_

Лицето почнало да крши по маркетот, а потоа физички го нападнал И.Ј. поради тоа што ја казнил и ѝ ја намалил платата.

И.Ј. бил однесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди, по што бил задржан на понатамошно лекување.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1