Генијален трик: како да одбегнете замрзнување на вратата на вашиот автомобил


На поголемиот дел од луѓето им се има случено барем еднаш. Во пресрет на сезоната на ниски температури кои веќе пристигнаа во нашиот град, погледнете го овој едноставен трик, со кој никогаш нема да го имате овој проблем.this-is-what-happens-when-you-open-a-car-door-in-20-degree-weather

Имено за да не дојде до замрзнување на механизмот на вратата на автомобилот, потребно е гумата околу самиот раб да биде премачкана со некоја маснотија. За таа цел, можете да користите било каква маст, почнувајќи од растително масло, па се до глицерин. Направете го тоа веднаш по излегувањето од возилото, за да не го начекате „замрзнат“ автомобилот наредното утро кога ќе брзате на работа. Замрзнатата врата никогаш, не се обидувајте да ја отворите на сила бидејќи постои можност да ја оштетите. Доколку сте во можност, полејте ја со топла вода.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1