Геомагнетна бура утре ќе ја погоди Земјата


Земјиното магнетно поле утре ќе го погоди геомагнетна бура од најслаба јачина, соопштија од американскиот Центар за предвидување временски состојби во вселената и Агенцијата за проучување океани и атмосфера (НОАА).

Геомагнетната бура е привремено нарушување на Земјината магнетосфера и е предизвикана од активностите на Сонцето. Станува збор за феномен кој може да влијае на електромрежите и сателитите.

Вообичаено трае еден или два дена.

Според соопштението на НОАА, оваа геомагнетна бура е класифицирана на скалата од еден до пет како Г-1, што значи дека ќе биде со најслаба јачина.
Се наведува дека, сепак, може да предизвика „слаби осцилации на мрежните станици и мало влијание на сателитските функции, како и на животните кои мигрираат“.
Бурата од категорија Г-5, на пример, може да влијае на електричната енергија и безбедносните системи во целиот свет, така што може да дојде до целосно нарушување на системот на компјутерски мрежи и големо оштетување на електричните трансформатори.
Влијанието на геомагнетните бури врз луѓето допрва ќе се проучува, но е познато дека гулабите писмоносачи, на пример, за време на такви бури имаат проблем со навигацијата и не се во состојба да го пронајдат местото на кое треба да слетаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1