Германија ќе враќа бегалци во Грција


Германија се подготвува да врати назад, во Грција, извесен број азиланти кои сега се наоѓаат на германска територија, иако грчките центри за прифаќање, веќе се преполни.

Владата во Берлин мораше да го запре ваквиот процес, во 2011 година, откако така одлучи германскиот Уставен суд, но сега таквиот процес би можел да биде обновен, врз основа на одредбите од Даблинската конвенција на ЕУ.

Според овој документ, азилантите треба да го покренат процесот за добивање азил во првата земја членка на ЕУ, во која тие допатувале.

Потврда за промената во однесувањето дадоа во посебни изјави, гермaнскиот, но и грчкиот министер за миграција.

Министерот Јоанис Музалас потврди дека владата во Атина прифатила да прими назад, извесен број азиланти, означувајќи го тоа како „гест на добра волја“ и како дел од настојувањата на ЕУ да се влијае врз „некои други земји“ за да го направат истото.

Станува збор за вкупно 392 азиланти кои влегле на територијата на Германија во средината на 2017 година.

Промената на германската позиција не се однесува за оние бегалци или мигранти кои навлегуваа во земјата во текот на бегалските бранови во летото на 2015 и во 2016 година.

Германија досега има примено над 800 илјади мигранти и бегалци од воените зони на Сирија, Ирак и Авганистан.

Грција, заедно со Италија, се земјите преку кои влегуваат најголемиот број бегалци и мигранти од Блискиот и Средниот Исток и од Африка. Покрај во Германија, во овие две членки на ЕУ има најмногу дојденци од трети земји кои се смесени на нивните територии.

Од потпишувањето на европско-турскиот договор за бегалците во 2016 година, Грција во Турција има вратено околу 1.500 бегалци и мигранти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1