Германскиот олеснувач Јоханес Хајдел по трет пат во Скопје


Германскиот олеснувач Јоханес Хајдел по трет пат во Скопје на средби со државниот врв и потписниците на пржинскиот договор.johanes hajndl

И овој пат олеснувачот е тивок, како и претходно, од него во јавноста не се слушаат конкретни предлози за излез од политичката криза но досегашното искуство говори дека по секоја негова посета работите се придвижувале. Единствено порачува дека договорот од пржино е добра основа за излез од политичката криза.

Како што информираат од Германската амбасада, освен со партиските лидери ,Хајндл, за време на дводневанта посета на Македонија ќе се сретне и со претставници на меѓународната заедница, а предвидени се и разговори со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со специjалната обвинителка Катица Jанева. Во текот на утрешниот ден предвидено е Хајндл да даде изјава за медиумите во која ќе го оцени досегашниот прогрес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1