Germanwings нуди 25.000 евра отштета за душевна болка на роднините на жртвите


Авиокомпанијата Germanwings нуди 25.000 евра отштета за душевна болка на роднините на жртвите на несреќата на авионот што нивниот пилот намерно го урна на 24 март, објави во вторник компанијата.

Истрагата покажа дека копилотот Андреас Лубиц се заклучил во кокпитот за време на летот од Барселона до Дизелдорф и намерно го урнал авионот во француските Алпи, при што загинале 150 патници и членови на екипажот.german avion

Отштетата од 25.000 евра е додаток на 50.000 евра веќе исплатени како итна финансиска помош на роднините на жртвите. Германскиот закон обично не предвидува посебна отштета за душевна болка.

Отштетата ќе ја добијат родителите, сопружниците, партнерите и децата на жртвите, а за исплата не се потребни никакви докази, објави компанијата.

Блиските роднини на жртвите кои живеат во Германија исто можат да побараат дополнителни 10.000 евра надомест за здравствените проблеми без било какви службени докази.

Семејствата на жртвите имаат право да побараат и надомест за своите финансиски трошоци, како што се трошоците за погреб и ли загубените пензии.

Адвокатот што застапува некои германски жртви, Елмар Гиемула, ја отфрли понудата, истакнувајќи дека штрајкот на пилотите на Lufthansa минатата година, ја чинело компанијата околу 200 милиони евра, додека понудените 25.000 евра отштета би ја чинело компанијата околу 7,5 милиони евра.

Lufthansa на тоа одговори дека ги проучила сличните случаи и дека нејзината понуда е поголема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1