Ги разбиваат зависниците да не се на купче – се затвара домот за зависници во Кисел Вода


Домот за зависници во Кисела Вода ќе се дислоцира, а сегашниот објект на оваа институција ќе се пренамени во Поликлиника „Кисела Вода“. Станува збор за проект што треба да се реализира во текот на идната година. При дислокацијата на центарот најверојатно ќе се примени концептот на отворање на повеќе пунктови во поголем број на општини.

zavisnici kisela voda– Идејата е да немаме поголема концентрација на лица коишто имаат болести од зависности на едно место. Целта е да имаме поголем број на локации, но такви што ќе бидат максимално безбедни, односно ќе немаат голем број на зависници и нема да бидат во близина на училишта, градинки или места каде има поголема фреквенција на малолетници, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Идејата произлегла од бројните заблешки и претставки што ги имале од страна на граѓаните кои живеат во близина на Домот.

Во Домот за зависници во Кисела Вода, лицата зависници, се третираат со метадонска терапија. Во Република Македонија секоја година за лекувањето на овие лица се одвојуваат од 50 до 55 милиони денари.

Миа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1