Гласање, броење, резултати, жалби


На 2.976 гласачки места во Македонија денеска од 7 до 19 часот можат да гласаат 1.743.403 избирачи. Граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје и тоа за 350 кандидати за градоначалници и за 480 листи за советници. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Начин на гласање

Утврдување на личниот идентитет на граѓаните ќе се врши со лична карта или патна исправа. На секој избирач пред да гласа со УВ ламба ќе му биде проверен палецот на десната рака, по што тој ќе му биде испрскан со невидлив спреј, што се задржува на прстот три дена. Се гласа со заокружување на редниот број на кандидатските листи на гласачкото ливче. За важечко гласачко ливче се смета она од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал.

glasanjeПред да гласа избирачот на избирачкото ливче, членови на изборните органи му ставаат печат на предната страна, а откако ќе гласа и ќе го превитка ливчето пред да биде спуштено во гласачката кутија му ставаат и печат на задната страна.

Гласањето е тајно и се врши лично и со едно гласачко ливче. Гласањето за друго лице е забрането, освен во случаите предвидени во Изборниот законик. Избирачот кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со Законикот, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Ако избирачот не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш Избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на избирачите.

Лицето кое ќе му помага на друго лице при гласањето не смее да биде од редот на членовите на избирачкиот одбор, претставниците на подносителите на листите или од редот на набљудувачите. Ова лице не смее да влијае врз одлуката на избирачот, а при гласањето може да помогне најмногу на двајца избирачи кои се со физички недостаток или се неписмени. Овој начин на гласање се забележува во записникот.

Броење на гласовите и соопштување на резултатите

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето.

ДИК првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

izbori livceОИК првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

Изборната комисија на градот Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ОИК за градот Скопје и ги истакнува на огласна табла во градот Скопје и ги соопштува на јавните гласила.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето во општините каде ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови. Се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

Жалби

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето може да поднесе приговор до ДИК. Приговорот се поднесува во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати.

izboriДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Одлуката по приговорот се доставува во електронско сандаче за прием на писмена и одлуката се смета за доставена во рок од пет часа од доставувањето во електронското сандаче. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот по кој одлучувал ДИК може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на решението.

Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Одлуките по приговор и тужбата со самото донесување се објавуваат на интернет страницата на Управниот суд, ДИК и на друг соодветен начин.

Секој подносител на листа на кандидати, при поднесување на приговор до ДИК задолжително доставува и официјална интернет адреса т.е. електронско сандаче заради доставување на одлуката на ДИК. Рокот за поднесување на тужба до Управниот суд започнува да тече по истекот на петте часа од доставувањето на одлуката на ДИК во електронското сандаче.

Секој избирач на кого му е повредено избирачкото право во постапката на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа по приемот на решението.

Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Одлуките по приговор и тужбата со самото донесување се објавуваат на интернет страницата на Управниот суд, ДИК и на друг соодветен начин

Mia

MK News

Автор инфо

One Response to “Гласање, броење, резултати, жалби”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.