Главниот џелат на ИСИЛ: Џихади Џон бил несреќно заљубен, а во школо му се потсмевале поради лошиот здив


Мохамед Емвази или Џихади Џон, најголемиот крвник на Исламска држава кој на заложниците им ги сече главите, и натаму го привлекува вниманието на јавноста, во Велика Британија, каде медиумите се обидуваат да дојдат до што повеќе детали за неговиот живот, пред да стане главен џелат на ИСИЛ.dzihadi-dzon

Така е откриено дека Џихади Џон во средно школо бил несреќно заљубен во убава колешка од класот, но се плашел да ја повика да излезат бидејќи во школо му се потсмевале поради лошиот здив.

Срамежливиот Мохамед, тогаш 16-годишник, за малку ќе заплачел, откако една девојка пред своите пријателки му се потсмевала поради лошиот здив, пишува Дејли Мирор.

Емвази има околу 27 години, роден е во Кувајт, но е британски државјанин. Израснал и живеел во западниот дел на Лондон и потекнува од семејство кои и припаѓа на средната британска класа.

Медиумите тврдат дека им бил познат на британските безбедносни агенции, а дека контраразузнавачката агенција МИ5 „се интерсирала за него“, но официјално никој не ја потврдува оваа информација.teroristi isis

Се верува дека во Сирија замнал во 2012 година и таму им се приклучил на џихадистите на ИД уште додека тие беа дел од сириската вооружена опозиција која настојуваше да го собори од власт претседателот Башар ал Асад.

Според британските медиуми, името досега не му било откриено од безбедносни причини.

Емвази се појави во сите видео материјали од бруталните ликвидации на зарбонеците, прво на американскиот новинар Џејмс Фоли, а потоа и на Стивен Сотоф, британскиот хуманитарен работник Ален Хенинг, како и на Американецот Абдул Рахма-Касинг, кој пред да премине во исламот се викаше Питер.

Овој брутален џихадист, секогаш се појавуваше облечен во црна облека, со покрено лице освен отвор за очите, кои се покажа го издадоа, како и по неговиот британски лондонски акцент.

Малкумина ослободени заробеници на џихадистите ,открија дека ги чувале милитантни со изразит британски англиски јазик, кој меѓу себе се ословувале како „Џон“, „Пол“ и „Ринго“, по имињата на тројцата членови на некогашната поп група „Битлси“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1