Гледајте во живо – Скок од вселената (Видео/Фото)


Ред Бул Стратос или мисијата која е насловена како ,,Скок од вселената,, ќе се обиде да ги надмине човечките граници кои постојат повеќе од 50 години. 

Поддржан од страна на тим од експерти, Феликс Баумгартнер ќе биде подигнат со хелиумски балон до стратосферата на височина од 36,576 километри од површината на Земјата.

Сместен во капсула од која ќе се обиде да изврши слободен пад во обид да стане првиот човек да се пробие брзината на звукот во Слободен пад (околу 690 милји / 1110 километри на час).

Скокот ќе се пренесува во живо на youtube = можете да го гледате во живо и преку видеото подолу. Инаку скокот се одложи неколку дена поради временски услови и конечно ќе се изврши денес.

Поради временските услови во стратосферата скокот е одложен за 19.15 часот по наше време.

Освен собарување на рекродот во слободен пад, со овој проект ќе се дојде до важни информации кои на научниците ќе им помогнат да ја подобрат сигурноста во вселенските патувања и ќе овозможи евакуација од леталото на големи висини.

Помеѓу многуте опасности за Феликс е и можноста да се искине неговото специјално одело откако ќе скокне од капсулата, што би го изложило на температура од минус 70 степени и ќе предизвика создавање на потенцијално смртоносни меури во неговите телесни течности, познато како „крв која врие”.

Ќе успее ли Феликс да ги надмине границите на човекот?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1