Глувците шират зараза во Штипско


Oд туларемија се заразени неколку луѓе во селото Каратманово, во општина Лозово. Официјално станува збор за два случаи, но неофицијално има многу повеќе. Инаку во средината на февруари Институтот за јавно здравје соопшти дека добиле три пријави за докажан причинител на заразна болест туларемија кај три лица од Скопје, но не е докажано постоење на епидемиолошка врска меѓу нив, објави Телма.tularemija

Туларемијата е акутна инфективна болест од која заболуваат и луѓето и животните, а е причинета од бактерија. Ова заболување припаѓа на групата природножаришни инфекции.

Станува збор за примарно заболување на голем број видови диви глодачи, кои се резервоар на ова заболување. Кај сите клинички форми, после инкубација од три до седум дена, почетокот на заболувањето е акутно, со појава на општ инфективен синдром: зголемена температура, треска, потење, интензивни главоболки, болки во целото тело и општа слабост. Болеста обично трае од 2 до 4 недели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1