Го опремил стадото овци со мобилни телефони


Еден јужноафрикански фармер ги опремил своите овци со мобилни телефони со цел постојано да биде во контакт со стадото и да ги спречи постојаните кражби на имотот, пишуваат тамошните медиуми.
Мобилните телефони на овците им биле закачени околу вратот и се вклучуваат кога животните ќе почнат да трчаат, што е знак дека крадците ја пресекле жицата и влегле на имотот кој се наоѓа во близина на Кејптаун.

– Кога некои од овците ќе потрчаат, ми ѕвони мобилниот кој ми кажува „овца 1“ или „овца 2“ и така натаму. Така барем знам каде треба да барам бидејќи мојата фарма се простира на површина од околу 750 хектари, објаснил фармерот Ерард Лоув, додавајќи дека кражбите на стока во текот на зимата се премногу чести.

Лоув својот безбедносен систем, кој се состои од голем број мобилни телефони распоредени по различни делови од стадото, го разработил по последната кражба кога арамиите му одвеле 40 овци.
Фармерот тврди дека нема корист од викање полиција во случај на кражба бидејќи од искуство знае дека полицајците во тој момент или немаат расположливо возило или немаат бензин или гумите на возилата им ги украле крадци.
Лоув е задоволен со својот нов систем за кој вели дека се покажал како ефикасен бидејќи благодарение на него успеал да спречи неколку кражби.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1