Го пријавиле за исчезнат, го пронашле починат


Починат маж вчера бил пронајден од полицајци во 11.30 часот во атарот на селото Арилево, Крушевско.

Полицијата информира дека се работи за 84-годишниот Р.С. од Крушево, кој бил пријавен за исчезнат на 2 септември.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Крушево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1