Годишното време во кое сте родени ви го одредува карактерот – еве какви сте


Зависно од биолошкиот часовник и количината на дневната светлина во периодот на раѓањето, така се утврдуваат и личните карактеристики.

Какво дете сте вие? Летно или зимско? Проверете си ги карактеристиките:godisnoto-vreme-vo-koe-ste-rodeni-vi-go-odreduva-karakterot-dali-ste-letno-ili-zimsko-dete-19

Пролет

Родените во пролет имаат посебен темперамент кој ги прави позитивни. Затоа, пролетните деца често се опишуваат како оптимисити кои лесно го изразуваат својот ентузијазам. Не им е потребно долго за да се „загреат“ за некој идеја. Не се претерано склони кон депресија, а често поседуваат и некој уметнички талент.

Лето

Луѓето родени во летните месеци имаат чести промени на расположението кое не мора да бидат поврзани со нешто конкретно. Исто така, склони се кон поголеми нервози. На летните деца им се препишува заљубеноста во природата и нејзината хармонија. Често ги менуваат работните места и се во центарот на конфликти.

 

Есен

И покрај дождовите и тмурното време, луѓето родени во есенските месеци се најмалку склони кон депресија. Иако не им се препишува претерано позитивен, туку рационален карактер, есенските деца имаат најмал ризик од ментални нарушувања. Исто така, сакаат да бидат физички активни.

Зима

Луѓето родени во зима се емотивно најстабилни, т.е. најотпорни на емоционални стресови. На тоа влијае големата количина сонце кое го „впиле“ додека биле во стомакот на мајката. Зимските деца се водат по разумот, не по емоциите. Ги краси упорност во своите ставови и цели.

Crnobelo.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1