Гол на Пандев за триумф на Македонија против Литванија


Македонската фудбалска репрезентација под раководство на новиот привремен селектор Гоце Седловски ја оствари првата победа по шест натпревари.

Голот на Горан Пандев ја усреќи 8000 публика која го проследи на арената Филип Втори се случи во 54 минута. За разлика од слабото прво полувреме, без речиси никакви шанси за гол на двете страни, во вториот дел особено Македонија имаше зрели шанси за гол. Пандев ја продолжи својата извонредна голгетерска форма која што ја има во Наполи, додека Литванците можеа да израмнат во 83 минута преку Лабукас чиј силен удар од далечина заврши крај голот на Пачовски.
Литванија беше последна проверка за македонските репрезентативци пред почетокот на мундијалските квалификации за Бразил 2014 година.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1