Голема бура ја погоди Европа: Загина момче во Германија, 100 лица заробени во воз во Шведска


Делови на Западна Европа се во сообраќаен хаос деновиве откако температури под нулата и обилни врнежи на снег ги блокираа улиците, предизвикаа неколку тешки сообраќајни несреќи, а такви големи бури на море не се видени со децении. Температурите во некои делови на Скандинација достигнаа и до минус 40 степени целзиусови.sneg-avstrija-sn-02

20-годишен Германец го загуби животот, а неговите сопатници се тешко повредени откако ја загубил контролата над својот автомобил на замрзнат автопат во западна Германија. Два камиони се судриле на југот од државата и предизвикале материјална штета од половина милион евра, а бројни други сообраќајки се забележани ширум државата само во текот на денешниот ден.

На северот на Шведска стотина патници заглавиле во воз на кој што му откажале моторите. Локалните медиуми пренесуваат дека додека патниците чекале помош, сите застанале едни до други за да се загреат, по што „интервенирале“ локалните жители од едно село во непосредна близина и ги сместиле во црква.

Драматичните временски услови резултирале и со откажување на траект линиите во Балтичкото море, а температурите во некои делови од Скандинавскиот полуостров паднале и до -40 степени Целзиусови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1