ГОЛЕМА СООБРАЌАЈКА: Цистерна полна бензин на среде пат – застој во сообраќајот на Блаце


Вечерва околу 19. 30 ч. се случи сообраќајна незгода на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце кај место наречено Вражји Вир, помеѓу ПМВ Ауди со скопски регистарски таблички и ТМВ Волво – со цистерна полна со нафта.blace4-640x314

Цистерната е во ендек, волвото е извртено на коловозна лента, а возачот и сопатникот од ПМВ Ауди со возило на ИМП се пренесени во Ургентен Центар.blace1-640x302

Сообраќајот е блокиран во двата правци према ГП Долно Блаце и Скопје. Од МВР апелираат до граѓаните да не го користат овој правец на движење кон ГП Долно Блаце до негово повторно ставање во функција.blace3-640x311

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1