Ѓорчев: 10-та победа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата!


Благодариме Македонијо. Победивме уште еднаш. Драги браќа и сестри вечерва денес на 11 декември се случи 10-тата победа на ВМРО-ДПМНЕ, 10:0. Семафорот покажува разлика, покажува победа.Нашиот народ повторно победи, Македонија се спротивстави на црните сценарија. Победивме Македонија секоја победа е драгоцена, истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.vlatko1-640x382

Граѓаните на Република Македонија, сите сте свесни дека на овие избори нашата коалиција од 25 политички партии не се бореше само против СДСМ. Не потклекнавме и останавме на нозе. Резултатите велат имаме 20.000 гласови повеќе од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе. Благодариме Македонијо, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека после 71 година, СДСМ останува партијата која само еднаш и никогаш повеќе победила на парламентарни избори во Македонија, а победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е 10-та по ред.

Ѓорчев изрази голема благодарност до сите коалициони партнери, до граѓаните на Репубика Македонија и до сите етнички заедници од мултиетничката коалиција која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1