Гори зграда во скопска Кисела Вода – голем број станари префрлени во болница


Голем пожар во скопска Кисела Вода. Предмалку пламени јазици ја зафатија зградата со број 1 на улицата Петар Дељан.

pozarna500

 

Според информациите, пет противпожарни возила се на терен и го гаснат пожарот кој беснее. Амбулантни возила кои се на местото на настанот постојано носат станари од зградата кои најверојатно се затруле од чадот, но засега не се знае каква е нивната состојба.

Засега не се знае како избувнал пожарот.

Повеќе информации се најавени за подоцна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1