Гостите под карантин во паника, добиле апчиња за смиривање – И денеска лекари во хотелот “Супер 8″


20 гости и четворица вработени во хотелот “Супер 8″ под постојан лекарски и епидемиолошки надзор. Двајца епидемиолози се кај лицата кои од синоќа се во карантин. По завршување на нивната работа, лекарски екипи од Здравствен дом Скопје ќе направат повторни прегледи и разговори со вработените и гостите околу здравствената состојба.mavrovka hotel super8

Според извори на zdravstvo24.mk, ниту кај еден од присутните нема некои сомнителни симптоми. Синоќа, само кај дел од нив е дадена терапија за смирување бидејќи биле вознемирени. Ќе останат во карантин до добивање на резултатите од примерокот на починатиот англичанец.

Според информации на zdravstvo24.mk, примерокот е пратен на анализа во лабораторијата во Франкфурт каде треба да потврдат дали станува збор за ебола или друго вирусно заболување. но поради мерки на претпазливост а имајќи предвид дека има од симптомите на ебола здравствените власти го водат како сомнителен случај. Од тие причини, возилото на Брза Помош со кое е превезен веќе починатиот синоќа е дезинфецирано и 24 часа нема да биде во употреба. лекарскиот тим кој бил во возилото исто така е на Инфективна и ќе останат таму до добивање на резултатите. На Инфективна е и другарот на починатиот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1