Гостиварец грабнат, претепан и ограбен, завршил на улица


Педесет и едногодишниот гостиварец А.А, вчера околу 22 часот и 45 минути бил пронајден на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар легнат на асфалтната површина, со видливи повреди на главата. Го пронашле двајца минувачи, веднаш повикале Брза помош и го пренеле во Ургентното одделение на гостиварската болница, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.mvr

Според неговото кажување, половина час пред тоа повредите му ги нанесле неколку непознати лица, кои запреле со непознато возило во близина на семејната куќа, насилно го внеле во возилото и повеќе пати го удриле по главата и телото, од што загубил свест.

По неговото освестување, А.А. забележал дека непознатите лица од џебовите му одзеле денарски и девизни средства во вкупен износ од околу 120 илјади денари.

По овластување и во координација со јавен обвинител извршен е увид и се превземаат мерки и активности за расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното и за откривање на сторителите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1