Граѓани од Пустец не знаат на која улица живеат – а знаат каде да гласаат? (Видео)


pustec-1-478x320Жители на Пустец кои поседуваат македонски лични карти денеска масовно се појавиле на гласње во Центар информираат порталите Бриф и А1он. Тие како и телевизија Телма успеале да интервјуираат некои од нив кои според снимките не знаат на која улица живеат но знаат на кое гласачко место да гласаат.

Опозиционата партија обвинува дека овие гласачи наменски добиле лични карти за да полнат кутии во Центар.

Субхи Јакупи, член на ДИК во директно вклучување за Телма по 19 часот, изјави дека и денешното гласање генерално мина во  регуларна и демократска атмосфера. Тој не верува дека ќе има забележителен број на претставки или претставки кои можат да влијаат на резултатите.

Во однос на забелешките за зголемен број на семејно гласање  Јакупи вели дека некои проблеми се повторуваат, и дека сите неправилности ќе бидат документирани.

За проблемот кој го забележа Телма за гласачи од Пустец во Центар, Јакупи рече дека проверката на бројот на гласачи и регуларно издадени документи ќе покаже дали станува збор за законски дозволено гласање, какво што има право секој со македонски валидни биометриски документи.

Jaкупи изрази убеденост дека овојпат ДИК многу побврзо ќе може да ги соопштува резултатите.

Видео – Нова тв, Бриф

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1