Граѓаните имаат право да ги тужат општините за нечистење на снегот


Против општините досега нема ниту една тужба за неисчистени тротоари и улици и покрај тоа што над 160 граѓани се со скршеници на колкови, рачни и зглобови на нозете само во Скопје, пишува порталот Сакам Да Кажам.

„Луѓето повеќе се научени да трпат отколку да бараат правда. Мислат дека ова со смрзнатите тротоари и улици е работа што треба да се трпи, дека е природно, не знаат дека општините треба да издвојуваат средства секоја година во буџетот за да ги расчистуваат навреме улиците и оти тоа е нивна одговорност”, вели Народниот правобранител Иџет Мемети за порталот.led pad

Според него неисполнувањето на законските обврски и должности од општините за расчистувањето на снегот, се нарушување на правата на граѓаните.

Настраданите граѓани од нерасчистените снег и мраз може да поднесат тужба против локалните власти и локалното комунално претпријатие од општината во која живеат, бидејќи според Законот за јавна чистота, таа одговорност им припаѓа ним.

Ако тужителот го добие спорот против тужениот субјект од локалната самоуправа, потоа оди во граѓанска парница, т.е. покренува спор пред надлежниот граѓански суд, за надомест на штета.

Граѓанинот притоа да обезбеди медицинска потврда и документација за повредата.

Во членот 7 од Законот за јавна чистота се пропишува дека одржувањето на јавната чистота и чистењето на снегот и мразот во зимски услови на јавните површини го врши јавно претпријатие за комунални услуги, основано од општината, општините во Градот Скопје и Градот Скопје.

Глоба од 1.000 евра следи за правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред објектот, а од 4.000 евра за правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.

Исто така, глоба во висина од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице следи и за одговорното лице во правното лице.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1