Грчката полиција приведе двајца Турци и Македонец кои влегле илегално во државата


Грчката полиција соопшти дека привела двајца турски граѓани кои влегле нелегално во државата од Македонија. Во полициската акција е уапсен и македонски државјанин обвинет дека ги внел нелегално во Грција.

Двајцата Турци се на возраст од 36 и 39 години и влегле во Грција со чамец преку Дојранското Езеро. Биле приведени доцна синоќа, соопшти денеска грчката полиција.

Според анонимен полициски претставник, двајцата турски државјани нагласиле дека бараат азил во Грција бидејќи биле обвинети во Турција за поддршка на Фетулах Ѓулен, обвинет за обидот за пуч во јули 2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1