Груевски го одмина Бесими – не се поздрави со него


На свечената парада по повод 18 август-Денот на АРМ, во касарната Илинден присуствуваше државниот врв и голем број граѓани.

Премиерот Никола Груевски не се поздрави со министерот за одбрана Фатмир Бесими, информира пресс24. Според нивното пишување со министерот за одбрана се поздравиле претседателот Ѓорѓе Иванов, генералот Горанчо Котески и првиот парламентарец Трајко Вељановски.

Тоа што премиерот Груевски не се поздрави со Бесими било главна тема меѓу присутните на свеченоста.

На денешната свеченост во касарната Илинден македонската војска гордо продефилира пред големата публика, а беа постхумно доделени и ордени за загинатите бранители од страна на врховниот командант претседателот Иванов. одликувани со Медал за храброст се 57 загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија кои храбро и пожртвувано ги дадоа своите животи за татковината. Меѓу одликуваните се и 11-те припадници на Армијата кои на 12 јануари 2008 година, враќајќи се од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, загинаа во хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце.

Фото – фејсбук профил здружение Македонска зора

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1