Груевски: На Бранко му се случи народ, граѓаните цврсто застанаа зад напредокот, реформите и развојот


Македонија денес имаше тежок, но и важен ден. Денес бевме сведоци на првиот неуспешен насилен обид за рушење на демократските институции и легитимно избраната власт на слободни и фер избори пред само година и половина.

vlada-na-rmПриказната за Буџетот беше само параван на Бранко Црвенковски кој ја започна неговата последна лична битка за преживување во политиката, истакна премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање до нацијата.
Тој рече дека пратеничката група на СДСМ откако во претходните неколку дена најмалку десет пати го прекршила Деловникот на Парламентот денеска физички и со употреба на сила се обидела да го делегитимира Парламентот и откако во тоа не успеала направила обид за влез во Собранието со употреба на насилство.
– Сепак спротивставени на агресијата на овој транзиционен манипулант не само што беа подготвени да застанат илјадници граѓани, застанаа и професионално се однесуваа државните безбедносни сили кои коректно, професионално, одговорно и успешно ја завршија својата работа и овозможија Парламентот да продолжи со работа согласно Уставот и законите, рече Груевски.
Тој изрази жалење поради, како што рече, непријатноста со новинарите кои беа во салата на Парламентот.
– Денеска Бранко Црвенковски сакаше со околу свои три илјади приврзаници на сила да освои власт. На Бранко Црвенковски денеска му се спротивстави народот поделени во две групи имаше најмалку трипати повеќе граѓани кои излегоа да му се спротивстават. На Бранко му се случи народ !!!, истакна Груевски.
Најави дека ќе продолжи да работи на она за кое дал збор пред народот и оти економските политики ќе останат насочени кон создавање услови за отворање на нови работни места.
– Јас не сум човек кој лесно дава збор, но кога ќе го дадам стојам зад него и се борам до последниот атом да го исполнам. Со оглед дека Бранко Црвенковски најави продолжување со неговото погубно сценарио, сакам да потенцирам дека сме подготвени за сите можно сценарија со цел заштита на интересите на граѓаните и заштита на уставот и законите. Сум издражл многу, сум поминал се и сешто во мојот живот. Впрочем се сеќавате, Панорама не беше така далеку, а исто така и притисоците за промена на името не се случуваа одамна. Но и во двата случаја опстпјав заради една работа: Народот беше со мене, потенцира Груевски во вечерашното обраќање до нацијата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1