Груевски најавува освежување во тимот


Освежување во Владата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има смисла ако изборите не се случат за брзо време. Ако оние што ќе дојдат имаат доволно време да се покажат и да се претстават пред да дојдат изборите. Ако изборите се за брзо време, тогаш освежувањето ќе биде по изборите. Ќе видиме. Имаме ситуација кога СДСМ вели дека сака брзи избори, а всушност не сака брзи избори бидејќи знае дека ќе ги загуби.gruevski sobranie

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во мега интервјуто за Телеграф.мк.

-За таа цел, за пролонгирање на изборите, користи разни изговори од типот избирачки листи и слично. И тоа им е јасно на сите, па и на меѓународниот фактор, иако јавно никогаш нема да го кажат тоа. Значи, ем не сакаат да одат на избори ем сакаат да се дел од владата, како да победиле на избори. А ако не се, се закануваат дека ќе правеле проблеми, кои проблеми во крајна линија се проблеми на државата и на народот. И пак поради тоа дополнително ќе губат. Само нека тераат вака. Партиски гледано ни одговара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1