Груевски: Подготвени сме и на лична жртва, Заев само нека се откаже од платформата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5 коментирајќи ја актуелната политичка ситуација истакна дека е подготвен и на лична жртва, само Заев да ја остави Македонија на мира и да не ја распарчува.gruev543

-Доколку Заев го донесат албанските партии го донесат на позиција, ние му нудиме да сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија,а тоа е 51 пратеник да гласаат за неговата Влада и тој да биде премиер, сите министри во Владата да бидат од СДСМ и ниту еден од ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да одат во опозиција, а да му ја поддржат Владата и тоа е еден вид на малцинска влада. Малцинска влада е поддржување на владата од сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат Владата на поразениот. Иако таа малцинска влада нема да донесе ништо добро за нашата земја сепак ќе се спречи разнебитувањето на државата, бинационалноста, како и  откажување на Тиранската платформа, а ние се уште сме отворени за тоа да му ја дадеме целосната власт на Зоран Заев, само нека ја остави нашата земја Македонија, изјави Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1