Груевски: Власта или не сака да го продаде Мерцедесот, или сака на некој свој


Поранешниот премиер Никола Груевски, денеска седна на обвинителна клупа за набавката на Мерцедесот.

– „Ова е политички процес во кој судиите треба да одработат. И ме ставаат во судница затоа што Заев и Димитров го решаваат името и им треба да се збори за нешто друго”, изјави Никола Груевски.

Тој за драстично намалената цена на Мерцедесот кој е на аукција вели дека власта се служи со популизам.

– „Намерата е едно од двете, или планираат да создадат клима за да не се продава мерцедесот или планираат да го продадат на некој свој, трето не може да биде“, изјави Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1