Гужви во банките – над 25 илјади граѓани со блокирани сметки


Град Скопје ги блокираше сметките на над 25.000 граѓани кои не платиле данок на имот за 2016 година и 8.000 фирми кои не ја платила фирмарината за таа година. Гужви деновиве настанаа по шалтерите на банките поради блокираните сметки. Од Градот велат дека бројот на блокирани сметки е сличен како и секоја година, дека блокадите се законски и дека имаат целосно право да вршат присилна наплата на долговите.

„Постапката за присилна наплата се спроведува неколку месеци безмалку една цела година пред блокирањето на сметките на должниците. ПО завршувањето на роковите за редовна наплата на даночните обврски на сите обврзници кои според нашата евиденција не ја подмириле, им с еиспраќаат опомени кои треба да се реализираат и со тоа да се одбегне непотребното присилно наплаќање на обврските“, велат од градот.

Додаваат и дека редовно потсетувале со праќање на соопштенија во медиумите. Пред два дена сепак потсетија дека ако некое физичко или правно лице ја завршило обврската односно платило, а сепак е блокирано треба да се обрати во бараката со број 16.

Според последните податоци од Народната банка кои се само до септември минатата година, во земјава се издадени околу 3,9 милиони трансакциски сметки од кои во тој период биле блокирани 235.629 сметки. Од сите овие на физички лица се 188.062 сметки, додека на фирми 47.567 сметки се со блокада. Ако се анализира по иматели на сметки кои се депоненти во некоја од банките во септември лани биле блокирани над 80.000 физички лица и над 31.000 фирми.

Граѓаните ги блокираат извршители преку банките за неплатени комунални сметки, а самите банки и за невратени кредитни рати. Дополнително оптоварување е што банката наплатува и за блокада и деблокадата на сметката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1