Хаки Азири: Ми рекоа „убивме човек!“ – денес ја повлече изјавата


Азири пред истражниот судија до детал објасни за масакрот кај Смилковското Езеро,но, денеска пред Судот ја повлече изјавата, тврдејќи дека ниту планирал, ниту учествувал во терористичкиот чин. 

sudenjemonstrum

Хаки Азири се откажа од статусот на заштитен сведок и седна на обвинителна клупа, одговара за помагање на тероризам.

Се уште е неизвесно дали обвинителството ќе побара од судот Хаки Азири кривично да одговара и за лажно сведочење.

Во скопскиот Кривичен суд се прикажа видеоснимката од неговиот исказ.

Како што се пишува Плус инфо тој во видеo снимката до детал објаснува што се случило ноќта на убиството.

sudenje monstrum 9-01-2012 3

Хаки признава дека со својот автомобил „мазда 626“ го однел Агим до последната постојка на 9-ка во Топанско поле и го оставил на паркинг во близината. Агим Исмаиловиќ влегол во „опел омега“ со црвена боја, автомобилот кој полицијата го пронајде четири дена по убиството, на 10 километри од Смиљковското Езеро.

Хаки Азири потоа околу 19.20 часот дошол на обиколницата кај Качанички пат, местото кое претходно го договорил со Алил Демири.

Зад неговиот автомобил застанал црвениот опел омега, а во неговата мазда влегле Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, со себе немале оружје, а биле облечени во темни тренерки, имале црни ракавици на рацете и црни капи на главите.

smilkovskoПотоа, според исказот на Хаки, Африм, кој седел на совозачкото седиште, на Хаки му кажал: „Направивме пи**арија, убивме човек!“.

Потоа му кажале да вози кај него дома. Во 23 часот на интернет Хаки дознал што се случило. Тогаш го прашал Алил што се случило, кој кого убил, а бидејќи имало повеќе луѓе, Алил само ја спуштил главата, вели некогашниот заштитен сведок Хаки Азири во исказот пред истражниот судија.

Додека го давал својот исказ пред истражниот судија Хаки Азири, повеќепати напомнал дека се плаши за неговото семејство, жена му, бебето, мајка и татко му.

Извор – Плус Инфо

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1