ХАОС ВО ЕВРОПА: Половина метар снег во Чешка, Австрија затрупана од снежни наноси


Дошло до прекин на сообраќајот и се забележани случаи на урнати далеководи во неколку региони во Чешка, Австрија и Полска. Во цела Чешка висината на снежната покривка изнесува половина метар, а снегот и понатаму паѓа. На сила е портокалов метеоаларм, а се очекуваат наноси на снег.screenshot_129

На северот во Унгарија пак на сила е жолт метеоаларм, а реката Тиса е целосно под лед. Во Полска, жестоките ветрови оставија 16 000 домаќинства без електрична енергија. Метеоролозите очекуваат дека ќе падне уште најмалку половина метар снег, посебно во планинските подрачја, и дека студениот воздух од Арктикот ќе ги спушти температурите и до -17 степени Целзиусови. Се очекува ваквите временски прилики да траат до викендов.

Снегот ја затрупа и Австрија. Исчезнале двајца скијачи од Слацбург. На северот од Шведска во воз останале заробени околу 100 патници, а мештаните за да не премрзнат ги префрлиле во блиската црква. Скандинавија забележала многу високи бранови и рекордна висина на плимата. Температурите во некои делови на Скандинавија биле и до минус 40 степени Целзиусови.
Метеоролозите велат дека бурата сега се движи преку Балтикот кон Белорусија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1