Хаос во Москва: Центарот под вода, 2 жртви, 2 деца повредени ФОТО/ВИДЕО


Голема бура ја зафати Москва. Од гром загинале 2 работници. Обилните дождови комплетно го парализирале градот кој е под вода. Повредени се и 2 деца.

Невремето кое ја погоди Москва започнало одеднаш околу 18 часот и траело 2 часа, а за тоа време центарот на градот бил комплетно парализиран. 2 загинати се татко и син кој работеле на градилиште во моментот кога гром удрил во метална цевка на градикиштето.

Минатата недела во москва беше забележано тропско време, без дожд кој е карактеристичен за Москва во ова време од годината.

Невремето денеска дошло за само 20 минути и е една од најаките бури која ја погодила Москва во последните години. Се слушале силни грмотевици, а потоа се истурил пороен дожд. Сопствениците на автомобили се обидувале да ги засолнат, но безуспешно, градот бил под вода за само 20 минути. Инаку во невремето во Краснодарск пред само неколку дена загинаа 150 луѓе.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1