Хашим Тачи го распушти косовскиот Парламент


Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска го распушти Парламентот, откако мнозинството пратеници изгласаа недоверба на Владта.kosovi parlament

Во рок од 45 денови треба да бидат организирани предвремени парламентарни избори, една година порано од предвиденото.

Парламентот на Косово претходно го поддржа предлогот за гласање недоверба на Владата на Иса Мустафа со 78 гласови „за“, 34 „против“ и тројца „воздржани“. Парламентот на Косово има 120 пратеници.

Предлогот за гласање на недоверба беше поднесен од опозициското движење Иницијатива за Косово и беше поддржан од пратениците од Алијансата за иднината на Косово и движењето Самоопределување, Гласањето за недеворбе беше поддржано и од неколку пратеници на владејачката коалиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1