Хеликоптерот закачил антена – Заев потврди дека се извлечени 4 тела


Хеликоптерот најверојатно при слетувањето  удрил во антена од предавател и потоа паднал на земјата и експлодирал. Огнот е угаснат, на местото на несреќата се наоѓаат бројни полициски, пожарникарски и медицински екипи. Увидот е во тек.

15331golemaВечерва околу 22 часот се урна хеликоптер на периферијата во Струмица, недалеку од индустриската зона. Во градот се слушна силен татнеж, а кон небото се издигна чад.

Според очевидци, хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. На периферијата од градот леталото најверојатно удрило врз висок предавател по што се урнало, јавува Телма. Остатоци од хеликоптерот се расфрлан во дијаметар од над 50 метри. Опашот од леталото е цел, но кабината е целосно уништена и изгорена.

heli8

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, во изјава за Либертас  потврди дека има четворица загинати откако хеликоптер вечерва се сруши во Струмица. Тој се наоѓа на лице место, и како што кажа, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но телата се извлечени.

– За жал, точна е информацијата дека се сруши хеликоптер. Јас сум веќе тука на местото на настанот. Просторот е обезбеден. Преполно е со полиција и противпожарни служби. Според првичните информации, хеликоптерот е на МВР. Жално е што има четворица загинати службеници. Најверојатно имал технички проблем. Според тоа што го кажуваат луѓето тука, хеликоптерот хаотично се движел, немал осветлување, удрил во антена, при што се слушнала силна експлозија. Која е точната причина се уште не знаеме – потврди Заев за Фокус.

Фото: 4 загинати во срушениот хеликоптер, потврди градоначалникот на Струмица, Заев
Се сруши полициски хеликоптер во Струмица, четворица загинати
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1