Херојот од обиколницата со апел до јавноста


Херојот од обиколницата Веле Боганитновски преку „Фејсбук“ профилот ги повика сите граѓани во државата да ја покажат на дело својата хуманост и да помогнат на настраданите во катастрофалната поплава. Во своето обраќање до јавноста Богатиновски вели:vele-post

Почитувани сограѓани на оваа хумана држава и пријатели на „Фејсбук“, сите ние живееме во едно време – невреме каде што споделуваме иста тага и болка кон семејствата – жртви на поплавите, повредените, исчезнатите и разорените домови. Животот станува суров и не знаеш што може утре да ти се случи или каде може да те однесе утрешниот ден, па затоа апелирам до сите вас, уште еднаш да ги покажеме на дело нашите хумани вредности и нашето големо срце! Да донираме хуманитарна помош за жителите во подрачјата погодени од невремето на отворениот телефонски број 143 400. Сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари. Исто така, средства може да се донираат и на жиро-сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помош во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција. Да ја покажеме нашата хуманост повторно на дело – Рака што дава не се суши! се вели во пораката.Screenshot_7

Неколку часа претходно, Богатиновски им испрати порака и на дел од медиумите кои по објавувањето на сторијата за неговиот херојски подвиг на порталот на Република, го „бомбардирале“ со барања за интервјуа. Тој едноставно ги замоли да престанат да му вршат притисок, а времето да го искористат за посета на поплавените подрачја и семејствата-жртви и од таму објективно да ја известуваат јавноста.

Почитувани новинари на електронските, пишаните и интернет порталите, Ве замолувам да не вршите притисок кон мене за давање на интервјуа и изјави во ова време на неврме, кога е потребно секој одвоен простор на вашиот медиум да го искористите за посета на погодените региони од поплавите и посета на семејствата – жртви од поплавите во кои животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, а неколку се водат за исчезнати. Во тој контекст, уште еднаш Ве замолувам – Апелирам до Вас како професионалци да бидете постојано со надлежните институции на терен и да не информирате објективно за сите промени и потреби кои ги имаат семејствата погодени од поплавите. Однапред Ви се заблагодарувам за вашето разбирање и професионален пристап, порача Богатиновски.bogatinovski-vele

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1